Како да купам билет?

Процесот на купување на билет се состои од шест едноставни чекори. Во секој чекор постојат задолжителни полиња кои мора да бидат пополнети за да може да се премине на следниот чекор.


Првиот чекор од процесот на купување билет е пребарување на билети. Најпрво е потребно да се одбере типот на патување т.е. дали станува збор за билет за меѓуградско или меѓународно патување. Потоа се одбира типот на билет - во една насока или повратен билет. Се наведува местото на поаѓање и дестинацијата, датумот на поаѓање и бројот на патници за кои се купува билет.


Со правилно пополнување на податоците во првиот чекор, системот ги прикажува сите поаѓања и превозници за кои корисникот може да купи билет. Со помош на филтрите од левата страна, може да се изврши филтрирање и прикажување само на одредени поаѓања и превозници. Откако ќе биде избрано купување на еден билет, корисникот може графички да го одбере саканото седиште во автобусот. Доколку врши купување на повеќе билети, корисникот може да ги одбере седиште за секој билет посебно.




Третиот чекор е внесување на податоците за патникот, каде што е потребно да се внесат основните податоци меѓу кои од особена важност е полето за e-mail адреса, на која што ќе биде испратен купениот билет. Доколку корисникот за време на купување на билетот е најавен на системот со својата e-mail адреса и лозинка, податоците за патникот автоматски се пополнуваат. За меѓународните билети, дополнително потребно е да се внесе број на пасош и датум на раѓање на патникот.




Пред плаќање за билетот, во четвртиот чекор на корисникот му се прикажани претходно внесените податоци и има можност уште еднаш да ги провери пред да плати за билетот.





Петтиот чекор е плаќање за билетот. Потребно е да се внесат бројот на картичката, името и презимето на имателот на картичката, да се одбере типот, да се внесе CVC/CVV кодот, како и важноста на картичката. Овие податоци преку безбедна конекција се испраќаат на проверка и доколку податоците се валидни и на картичката има доволно средства плаќањето ќе биде реализирано.




Во последниот, шестиот чекор, на корисникот му се прикажува линк преку кој може да го прикаже и испечати билетот, а и да го зачува локално во PDF формат.




Во било кој момент, додека трае процесот на купување на билет, корисникот може да се врати чекор назад доколку има потреба од тоа.